Линијата „Exotic Oil Lorvenn Paris“ за здрава и убава фарбана коса е инспирирана од скапоцените карактеристики на аргановото масло.
Аргановото масло, познато како „течно злато“ е вековна тајна на мароканските убавици за секојдневна нега на нивната коса. Благодарение на современите формули и збогатеностa со хранливи навлажнувачки агенси, линијата „Exotic Oil“ на „Lorvenn Paris“ е безусловно совршен третман за коса.
EXOTIC OIL
Exotic Oil e потхранувачко масло за цврста, сјајна и витална коса. Збогатено со егзотични масла за екстра кадифена мекост и свиленкаст сјај на косата. Погоден за третирање на фарбана коса, за долготрајност на бојата и заштита од оксидација. Помага за регенерирање на распуканите краеви на косата. Се употребува на сува или влажна коса за дополнителна нега на косата, потхранување, навлажнување и заштита од топлина при фенирање. Може да се употреби и за тело доколку сакате кадифено нежен допир и егзотична арома на кожата.
EXOTIC OIL BEAUTY SHAMPOO
Шампон за потхранување и хидратација на косата. Нежна формула збогатена со арганово масло и пченични микро протеини кои ја потхрануваат косата, правејќи ја цврста и еластична. Уживајте во моменталната и долготрајната хидратација на косата и скалпот, благодарение на збогатеноста со алое вера, провитамин Б5 и специјални активни навлажнувачки честички. Се препорачува да се користи за нормална и сува фарбана коса.
EXOTIC OIL BAUTY CONDITIONER
Exotic Oil Beauty Conditioner е крем регенератор збогатен со арганово масло. Направен е со специјално напредна формула со потхранувачки и навлажнувачки комплекс за свиленкасто мазна коса со екстра сјај. Наменет е за нормална и сува коса.
EXOTIC OIL BEAUTY MASQUE
Exotic Oil Beauty Masque е наменета за интензивен третман за потхранување, навлажнување и регенерирање на косата од коренот до врвовите. Маската е направена од исклучителен комплекс од арганово масло и активни природни состојки за неверојатна еластичност, лесно обликување и сјај кои даваат едноставно чувство на леснотија. Идеална за сува и фарбана коса.
EXOTIC OIL INTENSIVE CARE
Интензивен потхранувачки маслен еликсир за дополнителна цврстина, блескав сјај и длабоко обновување. Богата формула со егзотични масла (Argan oil, Monoi de Tahiti и Abyssinian oils) витамини Е и Ф и УФ филтри за поголемо навлажнување, потхранување, блескав сјај и длабоко обновување. Ја прави косата свиленкасто мазна и цврста, заштитувајќи ја од кршливост и распукување на краевите. Маслото е идеално за сува, оштетена и фарбана коса.
EXOTIC OIL DAILY CARE
Благо потхранувачко масло за секојдневна нега на косата. Ја штити косата од негативни надворешни влијанија, ја зајакнува и ја прави сјајна. Уникатна мешавина од егзотични масла кои длабоко продираат во косата, правејќи ја мека, цврста, мазна и сјајна. За сите типови на фарбана коса.
EXOTIC OIL ULTRA LIGHT
Екстра лесно масло-спреј за заштита, зајакнување и блескав сјај на косата. Ја прави косата цврста, еластична и мазна. Ја заштитува од кршење и оштетување предизвикани од топлина при фенирање и производи за стилизирање на коса. Идеално за фарбана коса.
EXOTIC OIL SUN PROTECTION
Масло за коса за заштита од штетните УВ зраци и слободните радикали. Иновативна тројна формула за хидратација, потхранување и заштита од УВ зрачење, морска сол, хлорирана вода и аеро загадување. Маслото е наменето за сите типови на кожа.
Како да ги користиме овие Пред шампонирање за дополнителна нега На целата должина на косата ставете 2-3 капки масло и нежно масирајте додека не се впие. Оставете да делува 1-2 минути, исплакнете со вода и потоа продолжете да ја шампонирате косата. После шампонирање, на влажна коса за потхранување, хидратација и заштита од топлина при фенирање На целата должина на косата ставете 2-3 капки масло. Продолжете да ја обликувате косата и не ја исплакнувајте. На сува коса за сoвршен стајлинг на косата Ја прави косата мазна и свиленксасто сјајна. Се користи на сува коса помеѓу две миење и ја орави косата еластична и полна со живот. |
#ПОДАРУВАМЕ
Шопинг магазинот Штипка во соработка со парфимерија Меркур од Битола на една наша читателка ќе и го додели како подарок маслото за коса Exotic Oil од новата линија на Lorvenn Paris (Exotic Oil Daily Care или Exotic Oil Ultra Light по избор на добитничката на наградата). Се што треба да направите за да го добиете подарокот е да ја лајкнете страната на парфимерија Меркур (види тука), а потоа да скокнете на нашата официјална страна на Фејсбук (види тука) и да ги следите правилата кои ви се дадени под фотографијата со подарокот.