MAMAРецепти

Eвтина и брза турска пита што се топи во уста – лесна и за почетници

Не е ѓомлезе, туку е гозлеме. Ви го носиме оригиналниот турски рецепт.

Advertisement

Популарната и превскусна турска пита Гозлеме е лесна за подготовка, евтина е и брза, а резултатот е крцкава кора и сочен фил што се топи во уста.

Овој рецепт е идеален и за почетници, бидејќи не бара сложени техники. Пробајте и ќе се уверите, домашните ќе чекаат на ред за парче повеќе.

Advertisement
фото пекселс

Потребни состојки

За тестото:

500 г брашно

1 кафена лажичка сол

Advertisement

250 мл млака вода

2 лажици маслиново масло

За фил:

300 г свеж спанаќ

200 г кравјо сирење

1 главица кромид

2 лажици маслиново масло

сол и бибер по вкус

принтскрин јутјуб

Подготовка

Во голема чинија измешајте ги брашното и солта. Постепено додавајте млака вода и маслиново масло и мешајте додека да добиете мазно тесто.

Префрлете го на побрашнета површина и месете 5 минути. Покријте со крпа и оставете го да отстои половина час.

На загреано маслиново масло во тава пропржете го кромидот, потоа додадете спанаќ и гответе додека убаво омекнат. Тргнете ја тавата од оган и додадете изрендано (или иситнето со прсти) кравјо сирење. На крај, посолете и ставете бибер по вкус.

Тестото поделете го на 6 еднакви делови и секој развлечете во правоаголник или во круг. Нанесете фил на половина од тестото, поклопете со другата половина и затворете ги рабовите со притискање со прстите.

Питичките Гозлеме печете ги во загреана тава без масло, околу 2-3 минути од секоја страна на средна температура, додека добијат златна боја и крцкава кора.

Сервирајте со јогурт или кисело млеко и уживајте.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button