Огласи
БизнисВести

Европската унија планира да ги намали сметките за струја – граѓаните ќе плаќаат 200 евра помалку од сега?!

Планираат струјата значително да поевтини

advertisement
advert

Европската економија се соочува со голем број предизвици заради високите цени на енергијата кои силно влијаат на нејзината конкурентност.

Ова всушност е и еден од заклучоците од извештајот за европската конкурентност што за Комисијата го подготви поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги.

И како што се вели во овој извештај, европскиот акционен план за достапна енергија ќе донесе заштеда од 45 милијарди евра во првата година, а до 2040 година заштедите ќе достигнат дури 260 милијарди, изјави комесарот за енергетика и домување Ден Јоргенсен.

реклама

И според Јоргенсен, на овој начин до 2040 година ќе се овозможи заштеда од над 200 евра по домаќинство во просек.

Фото: Гламур

И бидејќи европската економија се соочува со сериозни проблеми заради се повисоките цени на енергијата, Комисијата изработи акционен план за енергетска цена со прифатлива цена за да се исполнат трите цели што ги посочи како приоритет: намалување на цените на енергијата, прекинување на зависноста од руските фосилни горива и продолжување на напорите за декарбонизација преку инвестирање во обновливи извори на енергија.

Марpкетинг

Според изјавите на Јоргенсен за медиумите, во подготовка е план за целосно ослободување од зависноста од Русија кога се енергенсите во прашање, зависност која Европската унија значително ја намали во последните две-три години, односно од почетокот на војната во Украина.

– Можеме да кажеме дека е успех што ја намаливме количината на гас што го увезувавме од Русија од 2022 година на сегашните 13 проценти. Од друга страна, во тој период потрошивме повеќе пари за купување руски енергетски производи отколку што дадовме за помош на Украина – вели комесарот, пишува српскиот портал Блиц.рс.

„Ние индиректно помагаме да се наполни воениот ковчег на Путин, затоа треба да направиме повеќе за да станеме понезависни од руските фосилни горива“, вели Јоргенсен, но на прашањето како Европа може целосно да се ослободи од руските енергенси без да ги зголеми цените на граѓаните и економијата, комесарот вели дека не може да даде прецизен датум и дека наскоро ќе го претстави целосниот план како во најблиска иднина ќе се направи тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button