NEWSВести

Половина од семејствата на македонските политичари веќе имаат бугарско државјанство, вели европратеникот Ковачев

Advertisement

„Не е лесно за колегите политичари од Северна Македонија. Тие дури и не сакаат да слушнат за вклучување на Бугарите во Уставот, а половина од нивните семејства веќе имаат бугарско државјанство“, напиша на својот Фејсбук профил, бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев.

„Најважно е што ова државјанство е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарски идентитет – во која сите напишале дека нивната мајка, татко, брат и сестра се исто така Бугари. А братот или сестрата денес се пратеник, министер… или се во брак со актуелен премиер“, додава Ковачев.

Advertisement

 

 

„Тие секогаш се подготвени да го осудат „источниот сосед“, „Татарите“ и „бугарскиот фашистички окупатор“… а во исто време да кријат бугарски пасош во џебот. На крајот на краиштата… за нив не е голем проблем дали ќе влезат во ЕУ. Тие веќе се внатре – заедно со уште 216.000 македонски граѓани кои станале бугарски државјани по бугарско потекло и бугарско самоопределување. Единственото тажно е за останатите – оние кои сè уште им веруваат“, посочува Ковачев во својата објава.

Advertisement

Коментарот е напишан по повод веста на бугарската „Нова ТВ“ со наслов: „Зошто пратеникот Миле Лефков од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се одрекува од своите бугарски корени“.

Бугарската „Нова“ во својот текст тврди дека братот на Миле, Иван Лефков добил бугарско државјанство пред две години. Според пишувањата, тој аплицирал во тамошното Министерство за правда со лична карта поврзана со тоа кој е неговиот дедо. Во своето барање за бугарско државјанство, Иван Лефков напишал дека неговиот татко, мајка, сопруга, деца, како и неговиот брат Миле Лефков се Бугари. Тој го навел ова во 2021 година.

Аналитичар Петар Арсовски, вели дека подолго време недостатокот на европска перспектива носи таканаречна бугаризација преку бугарски пасоши.

Иако реалноста е дека пасошите се земаат од економски причини, сепак Бугарија  државјанства ќе ги користи како одреден аргумент во понатамошните преговори со Македонија

Ваквата статистика во политички контекст – теоретски може да создаде одредени проблеми, но сепак најмеродавни се бројките од пописот на македонските граѓани, смета Арсовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button