Евгенија и Вело се појавија на свадба – поранешната манекенка и по две бремености остава без здив
Комбинација која кажува повеќе од милион зборови

Фустан што го истакнува само најубавото
Поранешната манекенка Евгенија Марковска е појави заедно со својот сопруг на свадба и го украде шоуто.
Евгенија за оваа пригода избра преубава креација, а фотографиите што испливаа на социјалните мрежи ги воодушевија сите.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Во прашање е фустан кој беше полн погодок и во кој убавата Евгенија изгледаше како холивудска дива.
Долга до подот и со долги ракави, но и со длабок шлиц, креацијата го истакна убавото тело на оваа мама, а целото издание дополнително го „подигна“ со внимателно избраните модни додатоци.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
И за да ја испрати до крај оваа прекрасна модна приказна, Евгенија косата ја носеше подигната во пунџа, а на усните имаше црвен кармин со кој дополнително ги истакна убавите црти на лицето.
Целото издание го зачини и со малата плико чантичка, како и со огрлицата која на целото издание му даде гламурозен печат.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Покрај неа блескаше и Вело, кој носеше класичен костум во комбинација со сина кошула и вратоврска во боја на вино.
Како изгледаше овој познат пар во ова нивно свадбено издание, погледнете од фотографиите во продолжение: