Наши ѕвезди

Еве зошто за оваа Македонка велат дека е една од најзгодните Гранд ѕвезди што досега се појавиле

И потполно заслужено ја носи оваа титула

Advertisement

Нејзиниот најнов спот веќе брои преку 200.000 прегледи

Познатата македонска пејачка Андријана Петрушовска (25) неодамна ги изненади сите со својот последен спот.

Advertisement

Нејзината песна веднаш предизвика бројни позитивни реакции, а деновиве привлече внимание и со фотките што ги објави.

Имено оваа наша позната дама не може да помине незабележано, а тоа важи како за нејзините објави на социјалните мрежи, каде многу често привлекува внимание со беспрекорното тело што го има, така и за нејзините настапи, кога ќе се „стокми“ од глава до пети.

Advertisement
Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Кога е на сцена таа секогаш прави добра атмосфера, а таква беше и додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.

Петрушовска тогаш во ова популарно регионално шоу го освои високото трето место, а според многумина оваа млада дама важеше и за една од најзгодните натпреварувачки што некогаш се појавиле во шоуто.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Секогаш негувана, насмеана и самоуверена, Петрушовска привлече внимание и сега, само овој пат во малку поинакво издание.

Таа позираше во „проѕирен“ фустан за на плажа под кој носеше жолт костим за капење, без грам шминка на лицето.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Пејачката со овие свои изданија еднставно нема проблем да се најде во центарот на вниманието и на социјалните мрежи, а тоа го направи и неколку дена претходно. Само Петрушовска тогаш температурата дополнително ја загреа со провокативниот црвен фустан со кој никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Станува збор за ултра кусо фустанче во бојата на страста која жените најчесто ја избираат кога сакаат да заблескаат.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

И Андријана тоа го направи во полн сјај, истакнувајќи ги своите долги нозе на кои носеше шик салонки со високи потпетици.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Впрочем Андријана подеднакво занесно изгледаше и во спотот, каде повторно блескаше со својот женствен стил.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Како изгледаше и во ова издание, потсетете се во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button