Еве зошто за ова момче (31) од Мокриево зборува цела Македонија – сите се радуваат на неговиот успех
Кога шминката е уметност со која се истакнува внатрешната убавина и карактерот на секој жена...

Марјан привлекува големо внимание
Пред неколку дена многу медиуми пишуваа за соработката на нашиот шминкер и фризер Марјан Петров со Лепа Брена.
Имено, Марјан кој им е омилен фризер и шминкер на многу наши познати личности, повторно имаше прилика да соработува со Брена. Познатата балканска ѕвезда овој пат го покани во Белград, да ја разубави за еден важен настан, што Марјан го прифати со задоволство.

Инстаграм/ Марјан Петров
Резултатот од нивната соработка можевме да го видиме и од фотките што Марјан ги сподели, на кои Брена блескаше.
Марјан беше гостин и во нејзиниот дом и цела вечер помина со семејството на Брена, а потоа и се заблагодари на Инстаграм.

Инстаграм/ Марјан Петров
Потсетуваме, ова не е прв пат Марјан да соработува со познатата пејачка, како и со многу други големи балкански ѕвезди.

Инстаграм/ Марјан Петров
И токму затоа важи и за еден од најпознатите визажисти во нашата земја, со кого многу жени сакаат да соработуваат.
Но покрај тоа што Марјан се грижи за нивниот изглед, тој е и мошне близок со многу познати дами, па така покрај Лепа Брена, Марјан е пријател и со пејачките Слаѓа Алегро и Јелена Томашевиќ.

Инстаграм/ Марјан Петров
Тој својата кариера како визажист ја започна како момче на 17 годишна возраст во родното Мокриево, а сега го има еден од најлуксузните салони во Македонија и повеќе од очигледно колку е ценет и надвор од нашата земја (повеќе за Марјан прочитајте тука).
View this post on Instagram



