Еве зошто важеше за една од најзгодните пејачки во Југославија – Благица во лудите млади години
Познатата пејачка и во седмата деценија изгледа одлично, но погледнете како изгледала во најубавите години

Познатата македонска фолк-пејачка во една пригода откри како некогаш изгледала и сите ги изненади.
Благица Павловска (66) во една пригода сподели неколку фотографии од својата младост на кои позира во поприлично оскудно издание.
Станува збор за фотографии направени за нашите тогашни медиуми, а на кои оваа наша музичка дива е со црна коса и во максимално провокативно издание.
Фејсбук/ Благица Павловска
Фотографиите се направени во далечната 1987 година, на самиот почеток од музичката кариера на Благица, снимени за Котелец кој во тоа време излегуваше во рамките на дневниот весник Вечер.
Имено, Благица која оваа година полни 67 години, на овие фотографии има 20 и нешто години, а изгледа непрепознатливо.
Фејсбук/ Благица Павловска
Таа и денес, по речиси цели четири децении изгледа одлично за свои години, а нејзиниот нарав е речиси непроменлив.
Фејсбук/ Благица Павловска
Благица покрај својата соло кариера често настапуваше и со групата „Четири грации“ заедно со колешките Адријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.
Секога насмеана и полна со позитивна енергија, Благица знае како да го крене расположението, а своите обожаватели ги изненади и неодамна, кога во емисијата „Седмо небо“, се појави во топ издание.
Инстаграм/ Марјана Станојковска
Таа тогаш носеше фустан со животински дезен, а ова нејзино издание потсетува на почетоците на нејзината кариера.
Инстаграм/ Марјана Станојковска
Имено, Благица може да ја видиме во сличен фустан и на насловната од својот прв албум, а како изгледаше, потсетете се во продолжение…