MAMAКафе муабет

Пет мнооогу добри причини зошто бар еднаш во годината треба да отпатувате некаде со вашата мајка, без разлика колку години имате

Advertisement

Иако можеби патувањето со вашата мајка не ви звучи многу забавно (ова зависи од односите, годините…) и најчесто за такви авантури се одлучувате за со вашиот партнер или пријателите, патувањето со вашата мајка има бенефити и за вас и за неа.

ФОТО: rd.com

Нема подобар тим од вас и вашата мајка

Кога патувате со вашиот партнер или пријателите, потребно ви е одредено време за да се навикнете на неговите навики, а и тој на вашите. Од друга страна, мајка ви ве познава најдобро, како и вие неа, па ќе поминете совршени денови без да се преправате.

Advertisement

Спомени за цел живот

Ниту еден спомен нема да ви биде толку драг од едноминутното селфи со вашата мајка, или пак од фотографијата каде што сте сликани до некој познат споменик.

Патувањето со вашата мајка е најдобар начин за повторно да се поврзете

Иако можеби се’ уште живеете заедно, или пак често се гледате, секојдневните обврски не ви дозволуваат да се поврзете на еден специфичен начин. Затоа, уплатете неколку дена на планина или на море – понатаму ќе сфатите дека тоа е една од најдобрите инвестиции!

Одличен начин да ѝ се заблагодарите на вашата мајка

Мајката би направила се’ за да го направи среќно нејзиното дете. Затоа, обидете се на некој начин да ѝ се „оддолжите“ и да ѝ покажете колку сте ѝ благодарни.

Advertisement

Ќе се запознаете уште подобро

Кое е омиленото јадење на вашата мајка? Која книга ја чита моментално? Кои се најзините планови за блиска иднина? Ако не го знаете одговорот на овие прашања, време е да отпатувате некаде со вашата мајка!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button