Еве зошто сите зборуваат за Влатко Миладиноски и НЕГОВИОТ КОНЦЕРТ – вечер што ќе се памети
Влатко одржа концерт во Скопје – еве кој од познатите беше да го поддржи, но и кој беше меѓу специјалните гости

Бројни колеги беа дојдени на неговиот концерт
Влатко Миладиноски вчера, на 12 јуни, го одржа својот голем концерт во Националната опера и балет во Скопје.
Нашиот познат пејач на народна музика во првите редови имаше поддршка од семејството и пријателите, а во публиката беа и многубројни негови колеги и колешки кои уживаа додека тој ги изведуваше своите најголеми хитови.
В.П.П.
Влатко настапи заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и неговиот голем оркестар со кои направија вечер за паметење.
Атмосферата на концертот во текот на целата вечер беше одлична, а Влатко го оствари ветувањето и направи вистински фолк-спектакл.
В.П.П.
Меѓу присутните беа и најголемите ѕвезди на нашата фолк-сцена, а многу од нив споделија снимки од настанот на социјалните мрежи.
В.П.П.
Една од нив беше и Анета Љумаковска која на Инстаграм сподели и емотивна посвета за својот почитуван колега (види тука).
В.П.П.
Покрај Анета во концертот уживаа Тања Јовановска и Стојне Николова, како и многу други наши познати естрадни ѕвезди.
В.П.П.
Нивните фотографии веднаш се раширија преку социјалните мрежи, така што и оние што не беа присутни на настанот имаа прилика да видат детали од оваа незаборавна вечер на Влатко.
В.П.П.
Најемотивен беше моментот кога на сцената покрај Влатко се појави и неговиот братучед Дамјан Стојаноски, синот на легендарниот Војо Стојаноски, како и Дарко Стојаноски, синот на Никодин Стојаноски, а на крајот на сцената им се приклучи и Спасен Сиљаноски.
Како сето тоа изгледаше погледнете во продолжение…