Еве зошто сите зборуваат за овој фустан од Зара – и во Македонија е хит, се продава за 2.290 денари
Црвен фустан од Зара кој е хит на социјалните мрежи

Неколку интересни предлози за пролетен шопинг
Со фустан во црвена боја не можете да згрешите – тој отсекогаш изгледал моќно и во себе носи силна порака.
Тоа впрочем може да се забележи и од еден фустан од Зара кој стана вирален на социјалните мрежи и по кој девојките се луди.
Станува збор за модел кој е одличен избор за формални пригоди, но кој во исто време со вистински избор на останатите модни додатоци може да го носите во буквално сите пригоди што ве очекуваат.
Принтскрин/ ТикТок
И што е најинтересно – за сума од околу 2000 денари добивате креација во боја која има култен статус и со која оваа пролет сигурно нема да поминете незабележано каде и да се појавите.
Принтскрин/ ТикТок
Како изгледа овој модел, но и уште еден фустан што го избравме за вас за оваа недела, погледнете во продолжение…
Принтскрин/ ТикТок
Инаку, црвената боја е омилена и на многу наши познати дами, а вакви фустани често гледаме и на нашите улици.
Принтскрин/ ТикТок
Но општо познато е дека македонските дами имаат одличен стил, што може да се види и од фотографиите што нашите дами ги објавуваат на своите профили на социјалните мрежи.
@_sofiyavor_ Perfect zara red dress @ZARA #creatorsearchinsights #zaradress #zarahaul #maxidress
Многу од нив изгледаат како и светските модели и ги следат трендовите, па нема да се изненадиме ако наскоро овој модел од најпознатиот шпански бренд стане хит и на нашите улици.