Еве зошто сите зборуваат за ова ИЗДАНИЕ на ќерката на Светлана Црнокрак – се појави и го украде шоуто
Објави фотографии кои почнаа да кружат на социјалните мрежи, а сé заради фустанот што го носеше

Едно од најубавите изданија што сме го виделе во последно време
Наследничката на Светлана и Мики Црнокрак, Моника (26), успешно чекори по стапките на своите родители.
Toa впрочем може да се забележи и од нејзиниот Инстаграм профил каде редовно споделува фотографии од своите соработки со најразлични брендови, но и учествата на престижни модни ревии.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
И додека за нејзината мајка велат дека со годините изгледа сé подобро, многумина велат дека Моника е нејзина копија.
Таа е мошне активна на споменатата социјална мрежа каде овие денови сподели фотографии на кои носеше црна креација во која изгледаше феноменално, па си заработи бројни лајкови.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Во прашање е сензационален црн фустан со потписот на македонскиот бренд ERA ANGELA во кој Моника изгледаше како холивудските диви.
Креацијата беше со отворен грб и со тесно здолниште во кое оваа млада дама остави моќен, но деликатен впечаток, искажувајќи ја својата божествена грациозност и женственост која одзема здив.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Фустанот Моника го носеше на ревијата на овој наш нов, но потполно импресивен бренд, а изгледаше како да беше специјално скроен за неа, така што кога се појави на модната писта дефинитивно го украде шоуто.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Коментари на сметка на овој нејзин изглед се уште се редат, а сите се согласни дека изгледаше брутално во ова издание.
Потсетуваме, Моника е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак и има 26 години, а важи за една од најубавите дами од јавната сцена.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Таа успешно чекори по стапките на своите родители и има освоено бројни титули и награди за убавина, а работи и како водителка.
Повеќе нејзини фотки погледнете тука…