Еве зошто сите се во шок кога ќе го слушнат ова за убавата Василија која срцето ја тера кон Македонија
Ќе се изненадите од тоа колку години има оваа дама...

Толку млада, а толку убаво пее и ја обожава изворната македонска музика, коментираат многумина за неа.
Откако се појави на нашата сцена, а тоа секако не беше многу одамна, оваа млада дама предизвикува големо внимание.
Станува збор за пејачката Василија Петрова која привлекува внимание како со своите настапи, така и со својот изглед.

Фејсбук/ Василија Петрова
Но покрај нејзиниот стас и глас, Василија често е во фокусот и со нејзините изјави во медиумите, а многумина се изненадени и од нејзините години, посебно заради нејзината љубов кон нашата музика.
Пејачката имаше само 19 години кога се појави во македонскиот талент-шоу „Нови и млади“ кога од прва ги освои сите.

Таа тогаш отпеа неколку македонски песни, а бидејќи доаѓа од Бугарија, каде што е родена, сите беа воодушевени од нејзината интерпретација и познавање на нашата народна музика.
Неколку години подоцна, Василија заедно со Благоја Грујовски, со кого се запозна токму за време на натпреварот во споменатото талент шоу, на „Фолк-фест Валандово“ го освои високото второ место и повторно ја воодушеви публиката.

Фејсбук/ Василија Петрова
И токму заради нејзините големи успеси многумина се изненадени кога ќе слушнат колку години имаа оваа дама.

Фејсбук/ Василија Петрова
Имено, Василија е 22 годишна девојка, родена во Ќустендил, а паралелно со својата кариера неодамна ги заврши и студиите.

Фејсбук/ Василија Петрова
Но и покрај тоа што е во цутот на својата младост, за неа сите велат дека ќе биде ѕвезда и дека ја чека голема кариера.

Фејсбук/ Василија Петрова
Што се однесува до нејзината поврзаност со Македонија, но и од каде и е талентот за музика, Василија вели:
„Со Македонија ме поврзува нешто длабоко и искрено… Коренот си е корен, а Кочанскиот е силен. Иако сум родена во Ќустендил, срцето си ме тера кон Македонија. Таа врска ми дава сила и голема инспирација и со секоја песна ја пренесувам душата на Македонија, а музиката сама по себе кажува сè“, откри Василија во една пригода за Гламур.
„Сè започна сосема природно… Уште од дете имам огромна љубов кон народната песна. Пеев секогаш кога ќе имав можност – дома, на школски настани, пред огледало, а подоцна и на приватни часови за пеење. Почнав да се надоградувам, да учам, да се вложувам сè повеќе, започнав со настапи на фестивали и натпревари и со текот на времето освоив многу награди, а морам да спомнам дека на тие моменти добив искрена поддршка од Спасен Сиљаноски, Златко Миладиноски и Ване Петкоски / ИНТВ“ , луѓе кои ми подадоа рака и ми помогнаа да зачекорам посилно и похрабро по овој пат“, сподели Василиј тогаш во интервјуто за Гламур.
Целото интервју со неа прочитајте го тука >>




