Еве зошто сите се изненадени од овој настап на Василија од Бугарија – со голем мерак ги пее овие песни
Оваа снимка воодушеви многумина

Многумина зборуваат за нејзините настапи, а тоа може да се види и од бројките лајкови и коментари под снимките…
Младата музичка ѕвезда Василија Петрова (22) неодамна имаше одличен настап пред нашите иселеници во Германија.
Станува збор за хуманитарен настан кој се случи во Мајнц, а на кој настапи и пејачката Каролина Гочева.
Фејсбук/ Василија Петрова
Василија на својот профил на Инстаграм сподели и неколку снимки од кои може да видиме како се веселеа гостите.
На својот Фејсбук сподели и снимка на која пее позната македонска песна, а со неа на сцената е и виолинистката Сања Здјелар.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Василија ја пее „Вардаре, Пирин кај ти е“
Потсетуваме, Василија е Македонка родена во Бугарија, а уште од мали години ужива во пеењето на македонски песни.
Фејсбук/ Василија Петрова
Покрај гласот, освојува и со изгледот, а неодамна со Благоја Грујовски ги освои второто место на „Фолк-фест Валандово“.
Како Василија и Благоја изгледаа заедно на сцената, потсетете се тука.