Еве зошто сите го коментираат ова издание на Марта – сопругата на Стефан никогаш не изгледала поубаво
Кога една ваква дама ќе помине на улица, во едно вакво шик пролетно издание, се вртат и мажи и жени...

Кога и да објави фотографија, привлекува внимание
Модната блогерка и инфлуенсерка Марта Лазарова, сопруга на јутуберот Стефан Лазаров, ги изненади сите со своите последни фотографии.
Имено, Марта се прошета во интересно пролетно издание со кое и овој пат привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Марта qmarr__
Облечена во нежен пролетен фустан, Марта го комбинираше со кожена јакна, црни патики и шик чанта, а целото издание го зачини со темни очила за сонце, црвен маникир и суптилна шминка.
Коментари на сметка на овој нејзин изглед се уште се нижат, а сите се согласни дека никогаш не изгледала поубаво.
Инстаграм/ Марта qmarr__
Е сега кој е виновен за нејзиното расположение и оваа прекрасна насмевка, може да претпоставите, нели?
Инстаграм/ Марта qmarr__
Потсетуваме, Стефан и Марта наскоро ќе прослават две години брак, а потоа по неколку месеци и девет години љубов.
Имено, тие се заедно уште од тинејџерски денови, кога Марта имала 16, а Стефан 19 години, а денес важат за еден од најпознатите, но и најскладните парови омилени на многу генерации на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Марта qmarr__
А колку нивната љубов е силна, најдобро кажува и еден одговор на Стефан што во една пригода го даде за Гламур магазин.
Инстаграм/ Марта qmarr__
Имано, на прашањето кога последен пат се почувствувал најсреќен на светот, тој како од пушка го кажа следново:
„Дефинитивно 8 јули, нашата свадба. Еден од ретките денови кога заборавив кој сум, што сум и како сум. Сите што ги сакав беа до мене и никогаш не сум се чувствувал толку слободен како тој ден. Ви посакувам на сите да го искусите тоа“, изјави искрено тогаш Стефан во интервјуто за Гламур магазин (види тука).