Еве зошто сите гледаа во нашиот Министер – се појави со колешката пред камерите и го украде шоуто
Познатите блеснаа на снимањето, но нашиот Министер за естрада како и секогаш беше во преден план со своето впечатливо издание што го носеше

Важи за најдобро облечен маж на нашата фолк-естрада
Борче Наумовски е познат и по својот карактеристичен стил со кој секогаш знае да се издвои од останатите и да привлече внимание.
Така беше и на снимањето на една од последните емисии на „Везилка“, кога Борче заблеска во своето елегантно издание и покажа зошто меѓу колегите е познат како Министер за естрада.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Носеше костум во впечатлива зелена боја кој му стоеше совршено, а го носеше во комбинација со бела кошула и бели чевли.
Посебен ефект даде и машната која беше во истата нијанса со костумот, но сите ги изненади и убавата колешка Ивана Наумова која носеше сако-фустан во речиси потполно истата нијанса како и на Министерот.
Фејсбук/ Борче Наумовски
Потсетуваме, Борче Наумовски – Министерот својата кариера ја започнува на фестивалот „Тримери“ во 1996 година. Една година подоцна настапува и на „Тетовскиот фолк-фест“, „Цветници“ и на „Фолк-фест Валандово“, заради што повозрасните колеги го нарекуваа и „фестивалско дете“. И како што вели и самиот во една пригода, тоа беа други времиња, кога фестивалите беа настан, но и денес на секоја добиена награда се сеќава, бидејќи тогаш беше и чест и гордост да се пее и настапува пред толкава публика.
Фејсбук/ Борче Наумовски
И токму по повод три децении од почетокот на кариерата, Министерот за следната година подготвува јубилеен концерт.
Фејсбук/ Борче Наумовски
По бројните турнеи низ земјите каде што живее македонската дијаспора, за следната година тој најави голем солистички концерт за љубителите на македонска народна музика, а истиот ќе биде дел од Бит-фест, Битолско културно лето и ќе се одржи во уникатниот амбиент на античкиот амфитеатар Хераклеа Линкестис.
Повеќе за овој настан прочитајте тука…