Еве зошто Поповиќ не славеше родендени – неговиот НАЈСРЕЌЕН ДЕН требаше да биде вчера (видео)
Неколку помалку познати детали од животот на Поповиќ

Балканската естрада завеана во црно по смртта на Саша Поповиќ
Естрадниот маг Саша Поповиќ почина по кратко и тешко боледување, а до самиот крај беше опкружен со своите најблиски.
Неговиот живот згасна во болница во Париз по што неговото тело беше пренесено во Белград каде на 6. Март беше закопан.
На погребот покрај најблиските имаше голем број луѓе од светот на шоубизнисот што дојдоа да го испратат во вечното почивалиште, а и салата каде што пред погребот беше одржана комеморацијата (види тука), кога најблиските колеги и пријатели зборува за него, беше исполнета до последно место.
Принтскрин, Јутуб, Пинк
По веста за неговата смрт од Поповиќ се збогуваа и бројни ѕвезди на кои тој им помогна многу во кариерата, а Цеца пред камерите откри со солзи на очите зборуваше за последната порака што ја добила од него, откривајќи детали што ги расплакаа и самите новинари што ја прашуваа (повеќе за ова прочитајте тука).
На погребот беше и Јелена Карлеуша која исто така беше скршена од болка, а цело време седеше покрај гробот на својата мајка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, само еден ден по погребот, односно 7. март беше еден од најсреќните денови во животот на Поповиќ.
Малкумина знаат дека тој не ги славеше своите родендени, но затоа 7 март, денот кога се роди неговата ќерка Александра за него беше еден од најубавите во животот, и тоа никогаш не го криеше.
Инстаграм/ Александра Поповиќ
Имено, Поповиќ своевремено зборуваше дека раѓањето на неговата ќерка за него бил најсреќниот моменти во животот.
Но оваа година, за жал, Поповиќ не успеа да го прослави роденденот на својата наследничка, а судбината сакаше да биде погребан само еден ден претходно, на 6. март. 2025.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Поповиќ по 50-тата година од животот не го славеше својот роденден, а во една пригода откри и зошто.
„Не го славам роденденот. По педесеттата тоа веќе не го правам, тоа беше последниот што славев. Сега ова ми е најтажниот ден затоа што секоја година на 24 април јас сум година дена постар и поблиску до еден плац кој сега ќе го купам“, изјави во една пригода естрадниот маг Саша Поповиќ за „Гранд“.
Поповиќ тогаш се пошегува во негов препознатлив стил објаснувајќи и дека не планира да ја доживее стотата година.
„Тешко стотка, тој што ќе живее 100 години не работел во Гранд и не работел со пејачи и пејачки“, изјави Поповиќ тогаш.
Потсетуваме, Александар Саша Поповиќ почина на 1 март во Париз каде се лекуваше во една од најпознатите клиники. Неговото тело од Париз беше донесено во Белград каде неговото семејство и пријателите на 6. март го испратија до неговото вечно почивалиште.