Еве зошто овој град станува НАЈУБАВОТО МЕСТО во Македонија – НЕ е само заради виното (видео)
Да, за пијалакот на Боговите во некоја друга пригода...

Кога нешто се сака, ќе се најде начин и да се може…
Нема да го коментираме видеото, ама ќе ве замолиме да го погледнете и потоа заеднички да го искоментираме на социјалните мрежи.
Кавадарци можеби не е големо место, ама затоа е срцето на Македонија и еден од најсредените градови во нашата земја.

Фејсбук/ Митко Јанчев
Немаат проблем со ѓубрето, а покрај чистите улици сега имаат и речно корито што освојува и дополнителни го разубавува градот.
Од минатата година имаат и скијалиште, можеби не многу големо, но за малите „палавковци“ од овој град омилено место.

Фејсбук/ Митко Јанчев
Во продолжение погледнете го видеото што градоначалникот на овој град го објави неодамна, а во кое се гледа како во изминативе години го средиле речното корито кое се протега низ целиот град. А потоа погледнете го и Михајлово, место во близина на Конопиште, оддалечено околу 30-на км од Кавадарци, местото каде претходната зима беше отворен ски центарот со истото име.
И како што кажавме и на почетокот, кога се сака, но и се има визија и добра екипа, секако дека сé се може, нели?

Фејсбук/ Митко Јанчев

Фејсбук/ Митко Јанчев

Фејсбук/ Митко Јанчев

Фејсбук/ Митко Јанчев




