Еве зошто овие две изданија на Билјана Дебарлиева ги изненадија сите – ова мора да го видите (фото)
Модните комбинации на оваа убава русокоса дама не се воопшто за занемарување, а интересната креација што неодамна ја носеше посебно ни се допадна...
Водителката ги воодушеви сите со ова свое издание
Русокосата Билјана Дебарлиева важи за една од нашите најпознати, но и најубави водителки од малите екрани.
Таа плени каде и да се појави, а овој пат тоа го направи на социјалните мрежи и ги изненади своите следбеници.
Имено, оваа наша позната припадничка на понежниот пол која важи и за едно од омилените телевизиски лица во Македонија неодамна позираше во една интересна креација со која сите ги воодушеви.
Фејсбук/ Билјана Дебарлиева
Станува збор за фустан со интересен дезен во кој Билјана изгледаше како модна икона и со кој го „украде“ шоуто.
Фејсбук/ Билјана Дебарлиева
Таа едноставно блескаше во ова свое фенеменално издание, а уште една нејзина комбинација која исто така привлече големо внимание на Фејсбук, а која неодамна ја сподели оваа наша позната дама (односно ја реобјави), погледнете во продолжение…
Фејсбук/ Билјана Дебарлиева
Станува збор за фотографии од пред неколку години, а на кои Билјана носи модни парчиња кои и ова есен би изгледале модерно.
Таа тогаш избра широка свилена туника и бели панталони, а целото издание го зачини со металик чизмички и шешир.
Фејсбук/ Билјана Дебарлиева
Овие модели што ги носи Билјана одлично би поминале и денес, посебно чизмите кои се совршени и за вечерни пригоди.
Потсетуваме, Билјана и нејзиниот сопруг Јован овие денови имаа посебна причина за славење.
Фејсбук/ Билјана Дебарлиева
Имено, тие ја прославија јубилејната 30-годишнина од бракот, а како водителката изгледаше како невеста, погледнете тука.
Фејсбук/ Билјана Дебарлиева
Фејсбук/ Билјана Дебарлиева
Па, кое од овие две изданија на Билјана ви се допаѓа повеќе?