Македонската Моника Белучи и на свои 49 години изгледа феноменално – на плажа сите се вртат по неа
И на прагот од шестата деценија има тело за десетка

Таа и денес е во топ форма
Поранешната манекенка Светлана Црнокрак (49) во текот на летните месеци сака времето да го помине покрај море.
Таа обожава сонце и плажа, па во изминатиот период сподели неколку објави направени токму на некои вакви места.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Оваа наша позата убавица тоа го направи и сега, позирајќи покрај водата, а во фокусот повторно беше нејзиниот шарм.
Имено, Светлана е во топ форма и има тело за медал, така што овие нејзини изданија никого не оставаат рамнодушен.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Таа сега покажа како ужива за сите пари и му се препушта на хедонизмот, предизвикувајќи лавина од коментари.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Светлана и на прагот од шестата деценија има затегнато тело, а како што самата откри во една пригода, во прашање не е само генетиката, туку и редовните тренинзи и добрата исхрана.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
„Кога се сака сé се може, првенствено заради себе. Спортувам, вежбам активно, се хранам здраво и секако посетувам салони за убавина и нега. Без разлика на годините и обврските, секогаш се трудам да најдам време и за себе, едноставно така се чувствувам убаво, а на тоа ги учам и моите ќерки, да се сакаат себе си, да водат грижа за својот изглед, да живеат здрав живот“, сподели во една пригода сопственичката на модното студио „Црнокрак“ за Гламур магазин.
Целото интервју со неа прочитајте го тука>>
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
View this post on Instagram