Еве зошто оваа Македонка беше разочарана од Марија Шерифовиќ – ова ја уништи, еве што изјави
И ова не и беше прв пат...
Шармантната Македонка Ана Марија Илиевска претходната сабота се појави на сцената во „Ѕвездите на Гранд“, но заради преголемата трема одвај успеа да помине во следниот круг од шоуто.
Поради тешкиот репертоар Ана Марија имаше сериозни проблеми на сцената, но сепак успеа да освои три гласови.
На крајот од шоуто таа ги сумираше своите впечатоци за Гранд, откако претходно по изведбата ги освои симпатиите на сите со својата искреност, отворено зборувајќи дека тремата потполно ја блокирала и дека била убедена дека нема да помине.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Оваа 23 годишна девојка од Македонија потоа пред камерите на „Гранд“ сепак призна дека е пресреќна што го продолжува шоуто.
Таа изјави дека тремата била толку голема што тоа ја убило, па од сé срце им се заблагодари на претставниците на жирито.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, тие како вистински професионалци препознаа во неа потенцијал, па затоа ѝ дадоа шанса да се докаже во следниот круг.
И како што признава самата, таа воопшто не се надевала дека ќе помине, посебно кога се слушнала како звучи на сцената.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но благодарение и на публиката која ја награди со аплауз и по грешката што ја направи со песната, Ана- Марија на крај освои три гласови, што беа сосем доволни, па таа директно помина во следниот круг.
Младата пејачка за свој ментор ја избра Светлана Цеца Ражнатовиќ, а од срце и се заблагодари и на кумата на Цеца, Вики Миљковиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но Ана Марија призна дека најмногу била разочарана од тоа што не добила глас од пејачката Марија Шерифовиќ.
„Бев многу разочарана, тоа многу ме погоди. Се надевав на нејзиниот глас, но на крај излезе вака како што излезе“, вели Илиевска.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Ана Марија Илиевска (23) се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ и пред две години, но и тогаш преголемата трема потполно ја совлада и таа не успеа да го даде својот максимум на грандиозната сцена и да се претстави во нејзиното најдобро светло.
И тогаш многумина препознаа дека има потенцијал во неа, но доби само еден глас, и тоа од Ана Бекута, што не беше доволно.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Мислам дека е и биде потребна уште некоја година, и тоа ќе биде тоа“, изјави тогаш Цеца, која сега и е менторка на Ана Марија.
Сличен став тогаш имаше и Марија Шерифовиќ, која изјави:
„Мислам дека оваа девојка треба да вежба, не да се откажува. Исто така мислам дека тука се крие некој ѓавол, нема трема, оваа работа тоа не го трпи“, заклучи Шерифовиќ тогаш по настапот на Ана-Марија во 2022 година.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како Ана марија звучеше и тогаш, потсетете се во продолжение…