Наши ѕвездиПрепораки

Еве зошто ова ќе биде посебна вечер за Ромите од цела Македонија, но и од целиот свет (видео)

Вечерва Светскиот ромски бал по 45-ти пат во Скопје

Advertisement

Вечерва најинтересно ќе биде во Александар Палас

Нашиот главен град вечерва ќе биде домаќин на традиционалната ромска манифестација која на едно место собира многу ѕвезди.

Advertisement

Станува збор за Светскиот ромски бал кој ќе се одржи вечерва во хотелот Александар Палас во Скопје, а кој воедно преставува и еден вид платформа за промоција на ромската култура и музика.

Оваа културна манифестација ја започна Амди Бајрам во 1979 година и оваа година ќе се одржи по 45-ти пат.

Advertisement

По смртта на Амди Бајрам кој почина во октомври  2020 година и кој долги години беше политичар и претседател на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија, оваа културна манифестација продолжи да ја организира неговиот син, Габриел Бајрам, кој воедно со ова ја продолжува и мисијата на својот татко за зачувување и негување на ромската култура и традиција.

Една од најпознатите пејачки од регионот вечерва во Скопје, сите очекуваат луда забава

Па така покрај работилниците и предавањата за културата и традицијата на ромската заедница на овие простори, на овогодинешниот Светски ромски бал како главни ѕвезди на вечерта ќе настапат популарните пејачи Теа Таировиќ и Мухарем Сербезоски, потоа ќе има гостин од Грција, големиот Ставрос Пазаентисис, но и многу други изведувачи на традиционална ромска музика.

Подготовките за манифестацијата траат веќе неколку дена, а и оваа година ќе се случи и традиционалниот избор за најубава Ромка. Во вој натпревар ќе учествуваат Ромки од пет европски земји, а победничката, како и секоја година, ќе добие и богата награда.

Оние што биле досега на овој традиционален бал велат дека станува збор за една од најдобрите, но и најраскошните забави во Скопје.

На истиот присуствуваат и голем број политичари, но и личности од јавниот живот, па затоа и секогаш се бара влезница повеќе. Од сите овие причини и организаторите ги канат сите заинтересирани да присуствуваат и да ја поддржат оваа единствена и традиционална прослава на ромската култура и музика.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button