Еве зошто ова беше посебен ден за Киселичка, но и за семејството на македонскиот цар Ѓорѓи Колозов
Навистина еден убав ден...

Таа е една од нашите најпознати актерки
Ова беше посебен ден за Дубравка Киселички, една од нашите најпознати театарски, филмски и телевизиски актерки.
Имено Дубравка го прослави својот јубилеен 60-ти роденден, па си доби бројни честитки од своите најблиски.
Потсетуваме, Дубравка од 1988 година стана дел од патувачкиот театар Колозов со кој имаше престави низ цела Македонија.
Принтскрин
Таа на нашата јавност најмногу и е позната по бројните генијални улоги во македонските народни приказни, но има одиграно и многу значајни улоги во познати театарски престави, но и во бројни филмски и телевизиски остварувања.
Во народните приказни често ја гледавме како принцеза, самовила или во улога на добра девојка, а и денес е препознатлива по нејзиниот шарм и харизма со која плени каде и да се појави.
Принтскрин
Талентот за глума го има наследено од својата мајка, Снежана Киселичка, а глумица е и нејзината ќерка, Пируника Киселички.
Фејсбук/ Пируника Киселички
Снежана својот работен век го помина во Македонскиот народен театар во кој се пензионираше во 2010 година.
Фејсбук/ Снежана Киселички
Таа своите пензионерски денови ги поминува во Велестово, охридско село во кое живее и Шенка Колозова.
Принтскрин
Посебен ден и за семејството Колозови
Потсетуваме, истиот ден како Дубравка е роден и легендарниот актер Ѓорѓи Колозов, последниот македонски цар и чорбаџија како што го нарекуваат многумина заради неговите бројни незаборавни улоги во Македонските народни приказни.
Ѓорѓи почина на 13 октомври 2003 година, а роден е во селото Богданци, на 26 февруари 1948 година. По повод неговиот роденден се огласи и неговата ќерка Катерина Колозова, која на својот Фејсбук профил се потсети на својот починат татко.
Принтскрин
„Среќен роденден, тато, 26 февруари, убав датум“, напиша таа на крајот од објавата што може да ја прочитате во продолженуе…