Еве зошто ова беше посебен ден за Блага Петреска – ѝ пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Прво го прослави роденденот, а потоа и именденот, односно празникот Благовец по кој таа и го добил своето име

Нашата позната пејачка го прослави својот роденден и добри голем број честитки од своите пријатели и на социјалните мрежи.
Блага Петреска веќе со децении важи за една од нашите најдобри пејачки на народна музика, а овој ден беше посебен за неа.
Имено, музиката ѕвезда деновиве го прослави својот 78-роденден, а доби голем број честитки и од својот роден крај.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, Блага уште од млади години се занимава со музика и од најрана возраст била голема ѕвезда во родниот Прилеп.
Па така прилепчани и денес со гордост зборуваат за неа, а тоа трае уште од времето кога со Петре Прличко ја играла Коштана.
Принтскрин/ Јутуб
Во текот на својата повеќедецениска кариера Блага сними бројни песни кои се уште се слушаат и важат за евергрини, а својата енергија и денес освојува во осмата деценија од својот живо.
Таа веќе одамна ужива во своите пензионерски денови, а често можеме да ја видиме и како гостува во различни емисии. И секогаш насмеана и во добро расположение Блага со песна ги развеселува сите, па не се сомневаме дека така беше и за нејзиниот роденден, впрочем како и години наназад, како што таа тоа најдобро и го умее.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Блага е една од нашите најпознати пејачки на македонски изворни и новокомпонирани песни.
Таа на почетокот од својата кариера работела и како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а потоа повеќе од три децении беше член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје.
Како пејачка има освоено бројни музички награди, а во 2023 година на „Златна бубамара“ освои награда и за животни дело.
Принтскрин/ Јутуб
„Македонската музика е нашата лична карта!“
И како што самата откри во една пригода за Гламур, својот прв настап го имала уше во второ одделение, на кој и денес се сеќава.
Но како што вели, во нејзино време имало голем ентузијазам, внатрешен порив за успех, и сето тоа проследено со емоции, нешто за што смета дека денес им недостасува на нашите нови музички ѕвезди.
Фејсбук/ Блага Петреска
„Македонската музика е наша лична карта, наша препознатливост, тоа сме ние и ако научиме да се сакаме, ќе не сакаат и другите“, вели Блага.
Целото интервју со неа прочитајте го тука …