Постот не е диета и не се почнува за да слабеете.
Постот не е храна – постот е молитва и воздржување. Воздржување од претерување од секој вид: од лоши мисли, зли дела, преголема количина јадење и пиење.
Скромноста е збор кој најдобро го опишува постот. Ако сакате да постите – постете. Тоа не треба да биде ничија грижа. Не фалете со тој факт, затоа што со тоа го привлекувате искушението да бидете спречени во постот. Најдобро би било пред постот да се помолите и да побарате сила од Бог за да го издржите постот. Постете постепено. Не очекувајте од себе да бидете издржливи уште на почетокот. Постете една недела, па потоа причестете се. Потоа ако чувствувате дека имате сила, продолжете понатаму.
Во постот одете како и во животот: бавно и без големи планирања. Водете сметка секој ден да се молите. Молитвите ви даваат сила да се изборите со сите двоумења и да ја зајакнете својата намера да издржите.
Дозволете си да бидете победник. Никој не мора да знае дека сте победник. Со тоа вашата победа ќе биде поголема. Секогаш кога ќе се причестите ќе имате чувство на победа, затоа што сте се победиле себеси. Сте ги победиле своите слабости кон злото, озборувањето, лошите мисли и дела. Сте ги победиле сите препреки и сте издржиле одреден период во чистота и мир.