Која ќе го фати ќе има голема среќа во љубовта: Еве зошто невестите го фрлаат бидермаерот на нивната свадба
Еден од задолжителните ритуали е оној кога невестата го фрла бидермаерот на нејзината свадба.
Еден од задолжителните ритуали е оној кога невестата го фрла бидермаерот на нејзината свадба. Па, се верува дека девојката која ќе го фати ќе има среќа во љубовта и дека брзо ќе се омажи. Корените на овој обичај потекнуваат од далечното минато, кога се верувало дека невестата носи среќа, што е вистина и денес, но не во толкави размери. Во средновековна Англија, венчавките не биле толку скапи како што се денес се сметало дека венчаницата им носи среќа на немажените девојки, па немажените гостинки ја допирале невестата, односно нејзиниот фустан, за и тие да се омажат наскоро. За да го избегнале постојаното допирање на нивната венчаница, невестите почнале да фрлаат букет цвеќе.
Симболиката била убава затоа што цвеќето означувало плодност речиси во сите култури. Благодарејќи на овој трик, допирањето на невестата и нејзиниот фустан исчезнало.