Наши ѕвезди

Еве зошто нашиот Никола е еден од главните фаворити – македонски песни ќе ечат и вечерва во Гранд

Ова младо момче од Скопје со својот талент ги освои сите, а според анкетите има и големи шанси да победи

Advertisement

Моментално води во анкетата на Гранд

Никола Станишиќ е роден во 2000 година, а оваа година е единствениот од Македонија во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Тој живее во Скопје и има завршено гимназија, а со својот бенд веќе неколку години настапува и надвор од Македонија.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Неговите интерпретации на македонските песни во „Ѕвездите на Гранд“ ги воодушеви сите, а посебно Цеца Ражнатовиќ.

Advertisement

Така беше и во полуфиналето, а моментално важи и за фаворит во шоуто, што може да се види и од последната анкета.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Имено, „Гранд“ спроведе онлајн анкета со сите финалисти и токму Никола доби најголема поддршка од страна на публиката.

Во финалната вечер е настапат вкупно 20 натпреварувачи (12 машки и 8 женски), а Никола заедно со Елвис Мешиновиќ од тимот на Марија Шерифовиќ убедливо водат пред сите останати.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Каква е моменталната состојба на оваа анкета спроведена на „Гранд.онлајн“, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ Гранд.онлајн

Потсетуваме, големото финале на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ е вечерва и во него ќе се бора 20 натпреварувачи.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Одлуката кој ќе победи овој пат не ја носи жирито, туку публиката која преку СМС гласови ќе одлучи кој е најдобар.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Само еден натпреварувач, оној што ќе освои најголем број СМС гласови од публиката ќе биде прогласен за победник.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

А дали тоа би можело да биде Никола, пејачот кој со својот последен настап растури во шоуто, ќе дознаеме вечерва…

Бонус видео

Никола со неговиот татко во „Никогаш не е доцна“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button