Еве зошто многумина во Гранд зборуваат за оваа убава Македонка – ова ја изненади и Цеца Ражнатовиќ
Вели дека е аматер и дека никогаш претходно никаде не настапувала, што ги изненади сите

Оваа Македонка и покрај тоа што нема искуство во пеење, успеа да ги воодушеви сите и директно да се пласира во следниот круг.
Така за Ана Марија Илиевска пишува и официјалниот портал на „Ѕвездите на Гранд“, „Гранд.онлајн“, кои откриваат како таа се чувствува сега, по својот генијален настап во последната емисија.
Таа е во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а како што самата вели животот и се променил потполно по учеството во шоуто.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа не крие дека имала голема трема, но среќата била на нејзина страна, па откри дека Цеца е најзаслужна за нејзиниот напредок.
„Единствениот проблем кај мене е тремата, тоа ми го кажа и таа. Навистина многу работев на тоа, тоа е самодоверба која што ние ја носиме во себе, тоа секој од нас мора да го гради. Ѝ се заблагодарувам на менторката што ме поддржа и охрабри. Да не беше таа, јас не би стоела така слободна на сцената“, изјави оваа млада шармантна дама и додаде дека околу песните се консултирале заедно, но и дека Цеца ја советувала кои песни и лежат најдобро.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Ана Марија живее во Австрија, а по потекло е од Куманово каде што се врати за да учествува во популарното шоу.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И како што самата откри, таа е аматер кога е во прашање пеењето и досега никаде не настапувала, но би сакала да има свој бенд.
„Најмногу ме интересира странска музика, Адел и слично, а што се однесува до нашата сцена, тоа е поп музиката, Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Александра Радовиќ“, вели оваа млада дама за „Гранд“.
Со освоените шест гласа таа се пласираше во третиот круг, а посебно ги воодушеви сите со изведбата на песната „Катерино моме“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа има 23 години и моментално престојува во родното Куманово, а живее во Австрија каде работи како рецепционерка. Има завршено школо за туризам и има голема страст кон музиката и пеењето, а омилени пејачи и се Тоше Проески и Марија Шерифовиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како изгледаше и нејзиниот прв настап кога имаше преголема трема, но ги освои сите со својот коментар, погледнете тука…