Еве зошто Мики Секуловски ова НЕМА НИКОГАШ да му го заборави на Саша Поповиќ – еве што направи за него
На овие зборови ќе се сеќава засекогаш...

Еве како Поповиќ реагираше на талентот на Мики
Македонската Гранд ѕвезда Мики Секуловски овие денови работи со полна пареа, а сето тоа благодарение на „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Мики по учеството во шоуто повторно ѝ се посвети на музиката, а покрај своите соло свирки настапува и како придружен вокал на најпознатата фолк-дива на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, која му беше менторка во споменатото талент-шоу.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мики во „Ѕвездите на Гранд“ го освои второто место и овој успех му отвори многу врати во светот на музиката, а сето ова секако дека немаше да се случи доколку не ја послушаше својата мајка која сепак успеа да го убеди да се пријави во шоуто.
И уште по првиот негов настап на „Гранд“, жирито препозна во него голем талент, посебно поранешниот директор на продукцијата, Саша Поповиќ, кој во една пригода му порача нешто што шармантниот велешанец нема никогаш да го заборави.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, Мики со својот моќен глас веднаш ја освои публиката, но и жирито, од него воодушевена беше и Цеца.
Медиумите веднаш почнаа да пишуваат за него, така што Мики за брзо време го стекна статусот ѕвезда, иако шоуто беше на почетокот.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Впрочем Мики и со првиот настап ги „купи“ сите, а Босанац тогаш му порача дека треба само да остане вака доследен и прецизен до крајот на шоуто, и потоа во соработка со „Гранд“ ќе му се отворат големи можности и ќе му се остварат соништата.
„Имаш куќа која не е завршена, но ако продолжиш вака ќе направиш уште две куќи“, го посоветува тогаш Поповиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Овие зборови на Саша Поповиќ, Мики секако дека нема никогаш да ги заборави, посебно што по завршувањето на финалето и освоеното второ место животот навистина целосно му се промени.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тој денес е еден од најбараните изведувачи кај нас, а како звучеше на еден од најдобрите настапи во „Гранд“, потсетете се од видеото на крајот од овој текст.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, креативниот директор на „Гранд“ ја изгуби битката по кратка и тешка болест и почина на 1. март во Париз.
Тој последните неколку месеци се лечеше во онколошкиот институт Густав Руси во Вилзиф, предградие на Париз. Но и покрај тоа што за него се грижеа врвни доктори и се лечеше со најсовремените медицински методи, тој не успеа да ја добие битката.