Костените се хранлива намирница, содржат вредни минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо и речиси сите групи од витаминот Б.
Костените се хранлива намирница, содржат вредни минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо и речиси сите групи од витаминот Б. Плодовите се користат во исхраната на разни начини – варени, печени, како пира, сушени за брашно, во многу слатки и солени јадења, како и мед од костени.
Листовите на костенот исто така се користат како чај. Содржат дури 95% танин, разни есенцијални смоли и витамин К, кој е прилично важен при запирање на крварењето, бидејќи ги стеснува крвните садови. СО мајчина душичка во комбинација лечи проблеми на системотза дишење, го прочистува организмот, помага при болки во грбот, кај дијареа и така натаму. Медот од костени е исто така хранлив и лековит. Лечи гастритис и проблеми со варењето, го заштитува црниот дроб, допринесува до подобра циркулација и слично.
Што се однесува до дивиот костен, неговите плодови не се препорачливи за конзумирање, но се користат во народната медицина како и сите делови од дрвото кои се лековити, со што најчесто се користат во лечењето на проблемите со вените и реумата. Дивиот костен во себе содржи есцин (сапонин), кој е заслужен за зајакнувањето на ѕидовите на капиларите и вените, со што делува диуретично и антивоспално, ги намалува проблемите со лимфата и помага кај кожните заболувања.
Извор: republika.mk