Еве зошто Ирена и во шестата деценија важи за една од НАЈЗГОДНИТЕ ЖЕНИ на нашите мали екрани
Познатата водителка на многу свои колешки им одржа „лекција“ со ова свое издание
Познатата водителка Ирена Спировска важи за една од нашите најзгодни жени која со својот шарм плени каде и да се појави.
Таа веќе долги години е присутна на јавната сцена, а многу нејзини колешки и завидуваат на нејзиниот физички изглед.
Редовните тренинзи, како и правилната исхрана и здравиот начин на живот се виновни што по водителката денес се вртат сите, каде и да се појави, а тоа посебно важи кога ќе блесне во некое вакво издание.
Маркетинг
Инстаграм/ Ирена Спировска
Имено, Ирена се појави на една гала забава во бел фустан кој како да беше сошиен специјално за неа.
Таа целото издание го зачини со својата убава виткана коса која веќе со години е нејзин заштитен знак, додека неодоливиот с*ксапил го истакна со убавата насмевка и темно црвениот кармин на усните.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Креацијата што ја носеше беше со впечатлив детаљ во горниот дел, а тенкиот ремен совршено се вклопи со нејзините обетки.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Водителката со ова свое издание покажа дека и елеганцијата може да изгледа мошне с*кси, посебно кога станува збор за дама како неа.
Во продолжение погледнете уште едно издание на нашата позната водителка, повторно во креација со македонски потпис.