Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто Игор Џамбазов тука ја изгради својата куќа од соништата – овој поглед со пари не се купува

И додека повеќето познати личности својот мир го кријат од љубопитните погледи, Игор е човек од народот и сака убавините да ги споделува со останатите...

Реклама

На ова место му е најубаво

Познатиот актер, писател, музичар и шоумен, Игор Џамбазов, кога сака да се одмори и избега од градската врева, тоа го прави на ова место.

Имено Џамбазов веќе неколку години живее на ова место и мештаните се навикнати да го гледаат, но од неодамна реши токму тука и да си ја изгради својата куќа од соништата.

Маркетинг

Впрочем како и многу други познати личности, Џамбазов својот мир го пронаоѓа на егзотично место, далеку од скопските гужви.

Маркетинг
Инстаграм/ Игор Џамбазов

Тој сега се снимаше и го покажа фантастичниот поглед во кој ужива секое утро, додека пред него блеска преубавото езеро.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

И од самиот негов израз на лицето се познава колку ужива и дека максимално е исполнет што е во својата оаза на мирот.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Портокалови утра во Дојран златен…, напиша Џамбазов под видеото што го сподели, откривајќи како изгледа неговиот рај.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Новата куќа на Џамбазов во изградба

Како што самиот има многу пати истакнато, поважен му е мирот, отколку да му е полно ќесето, а во една пригода за Гламур ќе открие дека покрај Дојран се уште сака да ги посетува и сите останати помали, но убави места во Македонија кои за среќа, ги има сé повеќе.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

„На одмор не сум бил повеќе од 20 години. Но еве, баш сега додека го правиме интервјуто, јас се наоѓам во Куманово спа, каде што дојдов на рифреш, рестарт и ресет на душа, тело и мозок… Иако живеам во Дојран, се уште сакам да пронаоѓам и да посетам нови убави места низ Македонијава, кои нудат релакс програма. А ги има сé повеќе такви“, ни откри тогаш Игор додавајќи дека во неговиот дом и денес се слуша музика што ја слушал од младоста (Пинк Флојд, Дип Парпл, Цепелин, Клептон, Стинг, Гери Мур, Б.Б.Кинг, па се до Азра, ЕКВ, Чорба, па и Балашевиќ), но и музика од неговиот татко, маестро Александар Џамбазов, како и воопшто музика од тоа време.

А како треба да изгледа неговиот нов дом, погледнете тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button