Еве зошто и на банкарот не му е лесно со оваа колешка – водителката се соблече, го топи снегот (фото)
Може само да претпоставиме како им е во студиото
Копаоник во последно време станува омилено место за одмор и рекреација на многу јавни личности. Но покрај тоа што нуди уживање во зимските спортови, на Копаоник има и преубави хотели во кои може максимално да се опуштите и да си ги наполните батериите. Тоа впрочем можевме да го видиме и деновиве од најновото изданието на Марјана Станојковска која реши да го облече својот омилен костим за капење и да направи неколку провокативни фотографии (види тука), но и од нејзината колешка Лила која исто така реши да го топи снегот, па позираше во слично „пикантно“ издание…
А колешките можат само да и завидуваат
Водителката на „Сé или нешто“, Лила Филиповска, овие празнични денови реши да ги почести своите верни фанови со нови провокативни фотографии и да им го сврти вниманието.
Имено, водителката ги спакува куферите и замина да се одмори на Копаоник, но наместо скии, скокна во својот омилен костим за капење.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И веднаш се упати во топлиот хотелски базен, па ја покажа својата линија на која и многу помлади од неа можат да и завидуваат.
Таа се снимаше додека ужива во базенот, а многумина еба воодушевени од тоа како таа изгледа во шестата деценија.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И додека надвор е студи и снегот е насекаде, Лила со своите „пикантни“ објави предизвикува лавина, но од коментари.
Но водителката со ова свое издание истовремено и мотивира многумина да водат здрав живот и да се грижат како за своето здравје, така и за телото, следејќи го животното мото „во здраво тело, здрав дух“.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Нејзините фанови секако дека се воодушевени секогаш кога таа ќе сподели дел од својот одмор, посебно кога станува збор за вакви нејзини изданија со кои водителката и овој пат импресионираше многумина.
Како Лила изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…