Наши ѕвезди

Еве зошто и денес важи за една од најубавите жени во Македонија – не сте ја виделе во вакво издание

Светлана Црнокрак блескаше во црвениот фустан

Advertisement

Наша вистинска модна икона

Познатата манекенка Светлана Црнокрак (49) повторно ги воодушеви сите со својата беспрекорна појава и моден избор.

Advertisement

Светлана која и на прагот од својата шеста деценија од животот важи за една од најубавите жени во Македонија, овој пат сподели како приказна селфи-фотографија, но на која блескаше.

Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Носеше црвен фустан со асиметричен крој во горниот дел, кој совршено ѝ стоеше и го истакна нејзиното беспрекорно тело.

И додека моделот на фустанот беше интересен и несекојдневен – едната страна беше без ракав, додека другата беше покриена.

Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Но она што посебно привлече внимание во ова беспрекорно и елегантно издание беше преубавата насмевка на Светлана зачинета со црвен кармин, како и впечатливите, светкави обетки.

Овие детали во комбинација со фризурата го заокружија целосно изданието, со што Светлана изгледаше како вистинска модна икона.

Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Потсетуваме, пред неколку недели одбележаа 28 години заеднички живот со нејзиниот сопруг Мики Цнрокрак.

Таа тогаш сподели и една нивна стара фотографија, а она што сите го забележаа е дека оваа дама и по три децении изгледа речиси идентично, како времето да не остава никакви траги на неа.

Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Како оваа наша прекрасна дама изгледаше и во ова свое издание, заедно со својот сопруг со кој се пример за стабилен и хармоничен брак, погледнете од фотографијата во продолжение:

Фејсбук/ Светлана Црнокрак

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button