Наши ѕвезди

Еве зошто херојот од Виница НЕ смееме да го заборавиме – ризикуваше многу, но на сите ни одржа лекција

Неговиот чин спаси животи ...

Advertisement

Ова момче не само што не треба да го заборавиме, туку со својот херојски чин треба да биде пример за сите нас.

Наскоро ќе поминат пет месеци од големата несреќа што се случи во Кочани кога во црно го завеа целиот град.

Advertisement

Во страшниот пожар што тогаш се случи во дискотеката „Пулс“ за само неколку минути однесе десетици млади лица.

Принтскрин/ Фејсбук

Неколку дена по несреќата бројот на жртвите се зголемуваше, а во болница со тешки пореди завршија околу 200 лица.

Advertisement

Пожарот однесе 62 млади лица и остави бројни семејства во голема тага, а цела држава и денес е во шок од она што се случи.

Принтскрин/ Фејсбук

Но овој број сигурни е беше и поголем да не беа хероите како Јован Костадинов кој успеа да спаси 21 лице од огнената стихија.

Станува збор за младо лице кое пред неколку месеци беше матурант, па тогаш цела држава му ја честиташе матурската.

Принтскрин/ Фејсбук

И Јован тоа го заслужи, како и аплаузот што го заслужи од другарчињата кога се врати во школските клупи по несреќата.

Ова скромно и младо момче тогаш го ризикуваше својот живот за да ги спаси другите од кои повеќето не ги ни познаваше.

Принтскрин/ Фејсбук

Тој по несреќата кратко време престојуваше во болница, а потоа за својот херојски подвиг доби и стипендија од Алкалоид.

Принтскрин/ Фејсбук

Кога ја славеше матурската, бутик од Велес му подари костум, а оваа фотка од пред бутикот тогаш воодушеви многумина.

Да, ова е момчето кое во моментот на несреќата зема црево од соседниот двор, ја намокри својата маица, со неа го покри лицето и без да размислува, влезе во огнената стихија за да спасува други лица кои да не беше тој, можеа кобно да завршат.

Принтскрин/ Фејсбук

Овој чин на младиот херој со големо срце од Виница не само што не смееме да го заборавиме туку неговата храброст треба да ни биде инспирација на сите, бидејќи тој покажа дека навистина постојат суперхерои, односно обични, скромни и тивки луѓе чии подвизи во дадени моменти навистина не можат поинаку да се опишат освен со зборовите – храброст и херојство.

Па, уште еднаш, БРАВО за Јован, тивкиот херој од Виница.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button