Реклама
Наши ѕвездиСтил

Еве зошто Ели е една од нашите најубави водителки – неверојатно згодна, па дури и на 57 години

Откриваме и која е тајната на нејзината убавина

Реклама

Прекрасно издание на познатата водителка…

Водителката Ели Танасовска веќе повеќе од три децении важи за една од најубавите жени на нашите мали екрани.

Препознатлива по својата убава руса коса, оваа дама блеска што и да облече, а тоа може да го кажеме и за ова нејзини издание.

Маркетинг

Имено, Ели на снимањето на една од своите последни емисии дојде облечена во црвена женствен комплет во кој изгледаше како модел.

Маркетинг
Инстаграм/ Ели Танасовска

Станува збор за широки панталони и блуза со интересен крој, посебно во пределот на ракавите, а кои водителката ги носеше во комбинација со елегантни бели сандали со дебели потпетици.

Косата ја носеше пуштена, а беше и дискретно нашминкана, додека целото издание го заокружи со суптилен накит.

Инстаграм/ Ели Танасовска

Потсетуваме, Ели важи за своевиден бренд во МТВ, но и за една од најнегуваните и најпријатните дами меѓу новинарките.

Инстаграм/ Ели Танасовска

Таа е мајка на две прекрасни ќерки, баба и сопруга, а во една пригода за Гламур откри и која е тајната на нејзината убавина.

Инстаграм/ Ели Танасовска

И како што самата вели, таа од мали нозе е со спортот, па и денес го живее истото темпо.

Покрај обврските на работа, ја одржуваат во форма и сите оние слатки обврски околу семејството, а покрај посета на салони за убавина, има навика да вежба доба, и тоа кога сите ќе заспијат.

Инстаграм/ Ели Танасовска

„Долго време тренирав. Имам периоди , кога ќе се опуштам и во храна и во, поголем одмор. И тоа ми се враќа, како казна, со вишок килограми. Па , потоа  пак турбо вежбање“, ни откри Ели во една пригода.

Целото интервју со неа прочитајте го тука..

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button