Еве зошто цело Скопје зборува за Агнеса и за нејзините пријатели – се појавија заедно и сите гледаа во нив
Тројка што сите пријатно ги изненади
Само едно парче од нивната облека чини куп пари!
Нашата позната инфлуенсерка Агнеса Органџиева е една од оние дами кои секогаш внимаваат на својот изглед и блескаат од глава до пети.
Таа во своите плакари има колекција од најмодерните парчиња од најпознатите светски брендови, а за едно од нејзините изданија што го носеше неодамна и во кое посебно блескаше се уште се зборува.
Станува збор за гламурозната комбинација што ја носеше на Модниот викенд кога со својот изглед го украде шоуто.
Поприлично дотерани беа и нејзините пријатели со кои беше заедно, а тоа дека изгледаа светски покажува и фактот што многумина сакаа да се фотографираат со нив кога заврши настанот, па дури и неколку блогерки кои беа дојдени за ревијата од Тајланд.
Инстаграм
Тие видно расположени и насмеани им позираа на фотографите, а сите присутни го коментираа нивниот гламурозен стил.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм
Потсетуваме, Агнеса со секое свое појавување во јавноста привлекува внимание, што очигледно беше случајот и сега.
Инстаграм
Познатата инфлуенсерка во една пригода за Гламур откри дека за неа не е важно дали некој е облечен во брендирана скапа облека, туку дали тоа што го носи го носи на вистинскиот начин.
Инстаграм
Но овој пат Агнеса од глава до пети беше облечена во дизајнерски парчиња, и тоа во оние најскапите, па така кога овие фотографии се појавија во јавноста никого не оставија рамнодушен.
Инстаграм
Поприлично тренди беа облечени и нејзините пријатели Филип Крстевски (@Filip.House) и Александар Панев со кои Агнеса беше дојдена. Тие покажаа дека и нашите мажи ја следат светската мода и имаат урбан моден стил од кој може да учат и светските ѕвезди, а сите заедно допринесоа целиот настан навистина да изгледа светски, како и што доликува кога станува збор за модна ревија, нели?