Еве зошто цела кафана гледаше во стапалата на Гавазова – пејачката со овој детаљ сите ги изненади (фото)
Изгледа брутално, посебно во едно вакво издание...

Познатата фолк-пејачка отсекогаш важела за провокативна дама која знае да привлече внимание и со својот стил.
Сузана Гавазова овој викенд имаше настап со кој ги воодушеви гостите, а за нејзиниот аутфит се уште се зборува.
Имено, таа на својот Инстаграм објави снимка од еден од своите последни настапи, а нејзиниот стајлинг ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката отсекогаш важела за дама која со своите шик и провокативни комбинации привлекува внимание, но исто така и секогаш одново и одново знае како да ги изненади обожавателите и со по нешто ново, нешто во што не сме ја виделе досега.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Впрочем така беше и овој пат, кога во тесниот розов фустан зачинет со светки дефинитивно никого не остави рамнодушен.
Фустанот беше со долги ракави и „ролка“ јака, но со кусо здолниште така што во исто време и покриваше и откриваше.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Материјалот зачинет со светки беше посебно интересен, како и суптилниот отвор во горниот дел од креацијата.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Изгледаше како милион долари, а овој необичен детаљ ги воодушеви и мажите и жените
И бидејќи станува збор за поприлично кусо издание, во центарот на вниманието беа бруталните нозе на пејачката кои таа дополнително го истакна со еден поприлично впечатлив детаљ.
Станува збор за нејзините сандали на платформа и со екстремно големи високи потпетици кои не можеа да останат незабележани.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како Гавазова беше спакувана од глава до петици во ова свое „пинк“ издание, погледнете во продолжение…