Еве зошто цел Балкан зборува за Гранд ѕвездата од Македонија – убавица што пее како ангел
Новата песна на Петрушовска ова лето ќе биде хит

Имаме нов хит
Нашата позната пејачка, Андријана Петрушовска, денес посебно ги израдува своите бројни обожавaтели.
Пејачката која се прослави во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ го објави спотот за својата нова песна „Отвори очи“ која според првичните коментари на социјалните мрежи би можела да биде голем хит и тоа не само во Македонија, туку и во регионот.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, песната има стихови и на македонски јазик, но снимена е за Гранд продукција и веќе собра голем број позитивни критики.
Станува збор за песна со современа, заразен ритам кој дефинитивно ќе го слушаме на плажите во текот на летните месеци.
Принтскрин/ Јутуб
Во песната Петрушовска пее половина на македонски , половина на српски, што исто така и дава посебен шарм.
Таа во спотот носи неколку интересни комбинации, а истиот започнува како таа облечена во бело јава на преубав бел коњ.
Принтскрин/ Јутуб
„Ова мора да се лајкне, од убавина до добра песна“, „Петрушовска убавица“, „Кој разбира знае дека песнава ќесе слуша и на Ибица“, се само некои од бројните коментари што Петрушовска ги добива од целиот регион под нејзиниот спот објавен на јутуб.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Петрушовска се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде е учествуваше два пати и два пати стигна до финалето.
На убавата скопјанка првиот пат беше во тимот на рокерот Ѓорѓе Давид, додека вториот, пат кога го освои третото место, ментор и беше познатиот музички продуцент, Александар Милиќ Мили.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Но малкумина знаат дека таа последниот пат сосем случајно се најде во шоуто, односно Саша Поповиќ за неа направи преседан.
Поповиќ и самиот во една емисија зборуваше за тоа, истакнувајќи дека одлуката да се натпреварува и Петрушовска со својот тим ја донел во последен момент, откако претходно една кандидатка се откажала, со што прв пат е избран да се натпреварува некој што веќе еднаш бил во финалето (повеќе за ова прочитајте тука).