Наши ѕвезди

Еве зошто цел Балан зборува за оваа Гранд ѕвезда од Македонија – живее во Париз, ги забавува нашинците

Македонска Гранд ѕвезда сними песна и му ја посвети на пријателот кој имаше сообраќајна несреќа

Advertisement

Повторно спот кој изгледа светски

Македонецот Даниел Тренчовски со адреса на живеење во Париз овие денови повторно го изненади целиот регион..

Advertisement

Имено, Даниел го објави својот нов спот за песната зад која се крие една необична приказна. Имено, во стиховите се зборува за тешка сообраќајна несреќа која што му се случила на негов близок пријател, на кого Даниел му ја посветува песната.

Принтскрин/ Јутуб

Станува збор за песната „Посилни од кога и да е“, за која што и текстот и музиката овој наш млад изведувач ги напиша сам.

Advertisement

И како што тој вели во својата објава, несреќата променила многу работи, но не го скршила неговиот пријател, туку само го направила уште посилен, што го инспирирало да ја напише песна.

Принтскрин/ Јутуб

Спотот за песната навистина изгледа светски и е снимен во Париз, а сцените се инспирирани од вистинската случка.

На почетокот се гледа како пријателот доживува сообраќајна нерсеќа, па потоа кадри од болницата и лекувањето.

Потсетуваме, Даниел се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а по шоуто сними неколку песни со кои постигна голем успех.

Тој веќе неколку години е со адреса на живеење во Градот на светлината, и често настапува низ разни локали во Франција, но и во сите останатите европски држави каде има иселеници од Балканот.

Принтскрин/ Јутуб

Инаку, тој во една пригода во интервју за „Гранд магазин“, отворено зборуваше за причините заради кои заминал од Македонија.

Тренчовски тогаш отворено зборуваш и за една негова поранешна љубов, па ги откри и причините зошто се разделиле.

Повеќе за ова откријте тука>>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button