Еве зошто Цеца го обожава ова младо згодно момче од Македонија – имаме ли нова Гранд ѕвезда?
Младиот пејач од Македонија повторно растури, посебно со песната од Влатко Стефановски
![](/wp-content/uploads/2025/02/grand5-780x470.jpg)
Еден од најдобрите дуели во „Ѕвездите на Гранд“.
Младиот пејач од Македонија, Кристијан Марковски заедно со својата колешка Ива Јокановиќ ги воодушевија сите.
Тие и двајцата освоија максимален број на гласови од жирито, со што директно се пласираа во третиот круг.
И додека Кристијан е од тимот на Ѓорѓе Давид, неговата колешка со која настапи во дуел е од екипата на Снежана Ѓуришиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тие и двајцата беа пресреќни што поминаа во следниот круг, па заедно со своите ментори го прославија овој голем успех за нив, додека публиката цело време им аплаудираше.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Што се однесува до жирито, за Вики Миљковиќ во нијанса беше подобра Ива, додека пак за Цеца Ражнатовиќ – Кристијан.
„И емоцијата и твојот труд, навистина од срце ти дадов глас. Ива што се однесува до тебе, ме наежи уште во првата песна, а имаш само 18 години. Браво деца“, изјави Цеца.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Кистијан првата песна ја изведе на мајчин јазик, а Александар Милиќ Мили беше воодушевен од неговата изведба.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Првата песна беше преубава, фантастична, тоа така се прави. Што се однесува до Ива, супер си, но стилски недовршено, ама Снежана и ти тоа ќе го средите“, ги образложи Мили своите гласови.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
На крајот се огласи и Ѓорѓе, менторот на Кристијан, кој ги пофали и Кристијан и Ива, но истовремено и ги предупреди дека токму затоа што се одлични пејачи од нив и најмногу се очекува, што воопшто не е лесно, посебно што и двајцата се млади и неискусни.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Што се однесува до мојот Кристијан, сé слушна, колеги ви се заблагодарувам. Што се однесува до првата песна, навистина се убедувавме, но момче тоа е Македонија, тоа е твоето знаме и тоа тука треба да го истуриш безрезервно“, му порача менторот на шармантниот 29-годишен пејач од Македонија.
Потсетуваме, Кристијан и во претходниот пат ги освои сите со својот настап и помина директно во следниот круг.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тогаш за него не гласаше само Марија Шерифовиќ која откри дека и покрај тоа што не му дала глас, нему сепак местото му е во шоуто.
Кристијан тогаш откри и дека нема девојка, што посебно ги израдува колешките што се натпреваруваат во шоуто, бидејќи тој важи за еден од најзгодните и најубавите натпреварувачи во популарното шоу.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од друга страна неговиот ментор Ѓорѓе Давид го пофали дека на сцена изгледа како некој италијански актер од 70-те, а Цеца му порача дека ги има сите предиспозиции да биде голема ѕвезда.
Како изгледаше последниот настап на Кристијан, погледнете во продолжение…