Еве зошто Цаци нема никогаш да му го заборави ова на Михајловски – прво го навреди, па се попишмани?!
На оваа наша водителка и денес сите и се смеат заради Тони Михајловски и неговата емисија „Опуштено“
Од времето кога Тони беше шоумен, и тоа еден од подобрите, ако не и најдобрите во Македонија…
Познатиот актер и шоумен Тони Михајловски своевремено една наша водителка толку многу ја „понижи“, што оваа незгодна ситуација и денес е популарна на социјалните мрежи и има илјадници прегледи.
Ситуацијата што тогаш насмеа многумина се случи пред петнаесетина години кога Тони го водеше своето популарно шоу.
Принтскрин/ Јутуб
И како што самиот изјави тогаш, ја користи приликата да ја поздрави водителката која води емисија за мода и го прогласила за оџачар, но сето тоа го направи неверојатно смешно што ова видео и денес е хит.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Принтскрин/ Јутуб
Но очигледно оваа ситуација што тогаш насмеа многумина не беше премногу симпатична за водителката и модната стилистка Цаци Паковска, па таа по неколку години одговори за медиумите истакнувајќи дека не сака да го коментира неговиот монолог кој според неа беше резултат на повреда на неговата суета и фактот дека не може да слуша негативни коментари за начинот на кој се облекува.
Принтскрин/ Јутуб
„Искрено не сме се виделе оттогаш, а јас немам никаков проблем со својата суета“, изјави Цаци неколку години подоцна.
Принтскрин/ Јутуб
Инаку, ова видео од емисијата „Опуштено“ има преку 700 илјади прегледи на Јутуб и важи за едно од најгледаните на социјалните мрежи.