Еве за што нашите гастербајтери земаат кредит – не жалат пари кога ова е во прашање

Германските кредитни банки бележат зголемување на побарувачката за потрошувачки кредити. Во првата половина од годината, банките одобрија 4,2 проценти повеќе пари отколку во истиот период во 2024 година, според податоците од Германското банкарско здружение, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Граѓаните позајмиле нови 30 милијарди евра во првата половина од годината, најчесто за купување автомобили.
Спротивен тренд се забележува кај инвестициските кредити за компании.
Банките одобриле 5,2 милијарди евра за машини, возила и специјална опрема, што е за 6,6 проценти помалку од минатата година. Поради забавувањето на економијата, многу компании ги одложуваат инвестициите.
Вкупно 48 членови на Здружението одобриле нови кредити во износ од 66,7 милијарди евра во првата половина од 2025 година, малку повеќе од претходната година, кога изнесувале 66,5 милијарди евра.
На крајот на јуни, банките имале вкупно 202,1 милијарди евра кредити за граѓани и компании.