Еве за кого Јонче Христовски ја напишал една од своите НАЈУБАВИ ПЕСНИ – приказната ќе ве разнежи
Ќе се изненадите од приказната што стои зад една од најпознатите песни на Јонче Христовски

Откриваме како изгледа денес „Македонското девојче“…
Јонче Христовски беше голем битолски боем, можеби и еден од најголемите што живеел и творел во овој град во 20 век, но и човек со голема уметничка душа кого животот не го штедеше.
Имено, еден од најголемите доајени на македонската народна музика е роен во Градот на Конзулите во 1931 година, а се упокои, на самиот праг на 21 век, односно на 15 април 2000 година.
Тој беше еден од најистакнатите македонски пејачи, текстописец и композитор, кој македонскиот мелос го пренесе во целиот свет.
Принтскрин/ Јутуб
Неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земјата, потоа бакнувањето на земјата, но и боемскиот начин на живот кој беше пресликан и во најпознатите негови песни, ќе останат засекогаш во сеќавањето на оние што го почитуваат неговото дело.
Принтскрин/ Јутуб
Неговата песна „Македонско девојче“ од 1967 година е хит и до ден-денешен, песна која од душа се пее како од Солун до Виена, и од Црното Море до Јадранското, така и во целиот свет.
Препеана е на бројни јазици, а напишана е за ќерката на неговата колешка и голема пријателка Виолета Томовска.
Принтскрин/ Јутуб
Историјата за самата песна во една пригода ја раскажа и самата Виолета, и тоа на концертот на Битолскиот камерен оркестар во Национална опера и балет во чест на македонскиот бард на народната песна.
И како што откри тогаш Виолета пред публиката, песната „Македонско девојче“ Јонче ја напишал всушност за нејзината ќерка Невенка.
Принтскрин/ Јутуб, Види Вака
Самиот настан се случил на првиот роденден на нејзината ќерка, кога биле собрани повеќе колеги, а дошол и Јонче.
И бидејќи тој заборавил да куп подарок, тогаш за нејзината ќерка ја напишал песната, а интересно е и тоа што и една од ќерките на Јонче исто така се вика Невенка, по нејзината баба по мајка.