Наши ѕвезди

Еве во што ужива ќерката на најбогатиот човек во Македонија – овие детали им се пасија на дамите

Тинејџерска атракција и млада дама која со својот талент ги воодушевува и младите и старите

Advertisement

Ќерката на Живко Мукаетов, Кики Мукаетова, често привлекува внимание и со своите интересни модни комбинации.

Таа обожава да патува, но и на својот Инстаграм да споделува моменти од овие свои доживувања, а често ги изненадува своите следбеници и со нејзиниот беспрекорен стил, но и луксузни парчиња што ги носи.

Advertisement

Овој пат во фокусот се нејзините чанти кои очигледно и се пасија, па во своите плакари има најразлични шик модели.

Инстаграм/ Кики Мукаетова

Впрочем за тоа зборува и ова нејзино издание, кога за момент Тајмс Сквер во Њујорк за оваа млада дама стана модна писта.

Advertisement

Инстаграм/ Кики Мукаетова

Таа позираше во тренди бело сако, широки фармерки, патики и мала чантичка со златен синџир која и е една од омилените.

Инстаграм/ Кики Мукаетова

Имено, Кики повеќепати се има фотографирано со оваа чантичка, што може да видите и од нејзините објави на Инстаграм.

Инстаграм/ Кики Мукаетова

Инаку, модните избори на оваа млада дама често предизвикуваат реакции, а така беше и со ова нејзино издание од Венеција.

Инстаграм/ Кики Мукаетова

Таа тогаш носеше капут со кариран дезен, но и тогаш во фокусот беше убавата кафеава чанта што совршено ја вклопи во целото издание.

Инстаграм/ Кики Мукаетова

Кики е пример како младите девојки ги користат социјалните мрежи да ги покажат своите модни комбинации и стил на живот, но и да промовираат одредени брендови. Таа редовно си ја промовира и својата емисија „Низ град со Кики“ која се емитува на МРТ, а ја има и на Јутуб.

Инстаграм/ Кики Мукаетова

Потсетуваме Кики е една од нашите најголеми тинејџ-ѕвезди, а се прослави со улогата што ја имаше во Дајте музика.

Таа ја преставуваше Македонија и на Детскиот Евросонг во Франција, а пред неколку години ја преработи и песната „Лео“ која и денес се врти на нашите радиостаници, а која прв пат беше изведена од Калиопи Букле во времето на Југославија, на фестивалот Опатија 1985 година.

Инстаграм/ Кики Мукаетова

Како изгледаше Кики и во ова свое издание, но и една од нејзините последни емисии, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button