Прочитајте што мислат нутриционистите за јадењето сланина – веројатно и вие ќе се изненадите од нивниот став
Веројатно ќе се изненадите од нивниот став …
За многумина мирисот на пржената сланина едноставно е неодолив. Но и покрај тоа што е толку неодолива, сланина се сметаше за една од најлошите намирници додека траеше „лудилото” со јадење храна со мал процент на масти. Сега мастите веќе не се толку демонизирани, па веројатно се прашувате што е со сланината, дали треба да ја јадете? Но одговорот на ова прашање и не е толку лесен, затоа обрнете внимание на она што го велат нутриционистите.
Прво, ќе бидете изненадени кога ќе сфатите дека ниту еден нутриционист нема да ви каже нешто потполно да го исфрлите од исхраната, освен ако немаат некоја медицинска причина за тоа. Како општо правило, нутриционистите велат дека е ОК да јадете сланина, но тоа не треба да ви биде намирница што ќе ја јадете секој ден. Значи, повеќе како „мезе“.
“Постојат намирници кои ги ставам во категоријата ’понекогаш’. Верувам дека храната од оваа категорија не треба да се јаде секој ден, но потполно е во ред понекогаш да уживате во нив. Сланината спаѓа во оваа категорија, бидејќи содржи многу масти”, вели нутриционистката Ники Островер.
Сакате бројки? Две парчиња сланина содржат околу 70 калории и два грама заситени масти (што е околу десет проценти од препорачаната дневна доза), 30 милиграми холестерол (исто така десет проценти од препорачаната дневна доза) и 360 милиграми натриум (околу 15 проценти од дневната доза). Значи, сланина е ОК, но колку треба да ја јадеме? Диетичарката Мег Хегер вели дека тоа најповеќе зависи од личноста. „Две парчиња неделно можеби се во ред за еден млад човек кој нема здравствени проблеми, но две парчиња на еден месец можеби се посоодветни за некој друг.
Каква сланина треба да јадеме и како е најдобро да ја готвиме
Нутриционистката Ники Островер вели дека ако веќе сакате сланина и сакаат да ја јадете, најдобро е да ја купите од некој што го знаете и знаете дека свињите од која е направен не се одгледувани на фарма.
Свињи што се чуваат на фарми главно се хранат со соја и пченка, поради што месото од такви животни е многу богата со омега-6 полинезаситени масни киселини. Од домашни свињи кои се хранат поквалитетни се добива месо кое содржи повеќе омега-3 полинезаситени масни киселини, или т.н. здрави масти, објаснува нутриционистката. Таа додава дека пржењето е најздравиот начин да се подготви сланина.
Попржете ја сланината во тава, но без масло. Сланината веќе содржи доволно масти и може да се пржи на суво. Друга опција е да се стави хартија за печење во тава, да ја поредите сланината и да ја ставите во рерна.