Никогаш не се расправај со идиоти: Еве според кои заповеди се водат силните жени
Жената која се цени себеси никогаш нема да дозволи другите да управуваат со нејзиниот живот на кој било начин или пак со своето присуство, мислење или негативна енергија да дозволи некој да ѝ го уништи внатрешниот мир. Еве според кои заповеди секогаш се води силната жена.
Никогаш не се расправај со идиоти
Силните жени честопати ја користат оваа фраза. Тие секогаш се држат до своите принципи и никогаш не се караат со идиоти затоа што веруваат дека тие може да ги спуштат на свое ниво, а потоа да ги победат со нивното искуство.
Никогаш не се сомневај во својата привлечност
Секој блеска на свој начин. Запаметете: вагата лаже, луѓето завидуваат, а огледалото е искривено!
Наместо солзи, избриши ги негативните луѓе од својот живот
Силните жени знаак дека наместо солзите, треба да ги избришат оние луѓе од својот живот кои ги натерале да плачат. Тие не дозволуваат постапките на другите луѓе да им го уништи внатрешниот мир.
Никогаш не се свртувај назад
Понекогаш минатото искуство крие многу лекции, но со нозете никогаш не се врти назад. Таму е се’ без промена.
Никогаш не се споредувај со другите
Секој е уникатен, секој има своја привлечност. Не споредувај се ниту физички, ниту душевно, ниту материјалните работи.