Еве со кого живее Добрила (98) во својата куќа – ќе се изненадите и како се забавува кога излегува
Ова место за Добрила има посебна моќ, а годините за неа се само број без никакво значење

И никогаш не е сама…
Добрила Ивановскао-Чабриќ по победата во „Никогаш не е доцна“ повторно дојде во фокусот на јавноста и еве веќе неколку години на целиот Балкан можат да се прочитаат интересни вести за неа.
Таа е една ведра, енергична и храбра жена, која и покрај тоа што за неколку месеци полни 98 години, се уште е мошне витална.
Инстаграм/ Марјана Станојковска
Таа вози автомобил и плива во Дојранското Езеро, а неодамна можевме да видиме и како се грижи за својата куќа.
Имено, Добрила веќе со децении живее во Дојран, место за кое што вели дека има посебна енергија за неа.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
Добрила во својот двор
Куќата ја направила на свои 51 години, организирајќи се сама, така што сега секое место во нејзиниот дом има своја приказна.
Фејсбук/ Добрила Чабриќ
Тука таа го пронаоѓа својот мир, а кога сака малку забава, во близина и се најголемите казина во Македонија.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Имено, Добрила досега многу пати има истакнато дека омилено место за забава и дружење и се казината.
Таа и денес го негува својот младешки дух, а за излегувањето на овие места вели дека и се како еден вид терапија. Таа порано и работела како менаџер во едно казино, а преку викенди настапувала, па и денес се дружи со своите пријатели на ова место.
Принтскрин/ Гранд
Сепак, најголемиот дел од своето слободно време го минува во својот дом, каде често ја посетуваат пријатели и колеги.
Фејсбук/ Добрила Чабриќ
Таа вели дека никогаш не е сама и заради своите бројни миленици што ги има – неколку мачки и пудлица, па заедно со нив си ужива во својот мал рај и неговата магиска моќ што ја одржува во живот.
„Мојата куќа секогаш е полна, постојано имам гости. И кога е најтешко само помислите на нешто убаво, најубаво, бидејќи животот е краток и затоа треба да го следиме. А тука е и љубовта, најважната работа на светот, порача во една пригода Доби од својот преубав Дојран каде ги минува деновите, уживајќи со пријателите покрај преубавото езеро, но и во својот двор кој и е омилено место во домот.