Еве со кого беше „фатен“ Горан Алачки на ова место – фотографот ги сними, ова сите ги изненади
Познатиот музичар во друштво со својата сакана, но и со уште едно лице кое сите добро го знаете...

Познатиот музичар ги изненади сите со оваа фотографија
Познатиот хармоникаш и композитор Горан Алачки сподели една фотографија на која е со својата партнерка Марина Дојчиновска.
Но она што сите ги изненади е лицето со кое што тие седат заедно на маса, а кое на сите им е добро познато.
Фејсбук/ Горан Алачки
На фотографијата се гледа како тие позираат расположени и насмеани, а следуваа и бројни коментари од нивните обожаватели.
Па, дали препознавате кој е со нив?
Да, во прашање е легендарниот Васко Тодоров, попознат како Тошо Малеро, а Горан под сликата го напиша следниот коментар.
Фејсбук/ Горан Алачки
„Крвта вода не бива. Со мојот братучед Васко Тодоров…“
Објавата за само неколку минути привлече голем број коментари и лајкови, а сите беа воодушевени што ги гледаат заедно.
Потсетуваме, Горан Алачки деновиве ги изненади своите пријатели, но и сите оние што го следат на социјалните мрежи со уште една преубава вест, а која е поврзана со родното место на неговиот татко.
Имено, тој го најави големото и свечено отворање на новата фестивалска сала „Ванчо Чавдарски“ кое ќе се одржи на 26-ти април.
Фејсбук/ Горан Алачки
Овој значаен културен настан го организираат Културниот Центар „Горан Алачки“ и Здружението З.В.И.С., се со цел да ја збогатат музичката сцена во Малешевијата, а во рамките на свеченоста, на големата сцена ќе настапи реномираниот камерен оркестар „Скопски солисти“.
Фејсбук/ Горан Алачки
Публиката ќе има привилегија да ужива и во извонредниот настап на прочуениот солист, Маестро Борис Трајанов, чие уметничко дело е високо ценето на меѓународната сцена, а истовремено ќе биде промовирана и химната на Владимирово во изведба на Горан и Ленче Кукиќ. Музиката, аранжманот и продукцијата на песната се дело на еден од најреномираните македонски музичари – Маестро Горан Алачки, додека текстот, полн со емоции и љубов кон татковината, е напишан заеднички од Алачки и Камелија Левенска.
Фејсбук/ Горан Алачки
Текстот на песната „Химна на Владимирово“ – дело на Алачки и Камелија Левенска
Инаку, свеченото отворање на салата истовремено ќе биде и еден вид увертира во она што следува: првото издание на Фолк Фест Владимирово, фестивал кој ќе се одржи на 29-ти мај и има за цел да го слави македонскиот фолклор, песна и обичај.
Повеќе за овој настан наскоро…
Бонус видео
Химната на Владимирово