Вести

Еве што вели за Супорт Кочани еден од преживеаните – неговите зборови треба сите да не замислат

Ова не е само наша болка – ова е срам за една цела држава, пишува во објавата на еден од преживеаните

Advertisement

Непребол…

Наскоро ќе поминат три месеци од страшната несреќа што се случи во Кочани кога во пожарот во дискотеката загинаа 62 лица.

Advertisement

Покрај загинатите во трагедијата имаше и преку 200 лица кои беа тешко повредени од кои повеќето завршија во болници.

Принтскрин

Некои од нив се уште се наоѓаат на лекување, а повеќето од нив цел живот ќе се соочуваат со трауми, но и со повредите што ги здобија.

Advertisement

Еден од нив е и Дарко Златев, кој овие денови се огласи на социјалните мрежи, со јавен апел, а неговата објава ги потресе сите.

фото: Glamur

Како што тој сподели на својот профил, досега одговорните не направиле речиси ништо за жртвите и повредените.

Тој е гневен заради тоа и изрази незадоволство, притоа посочувајќи дека никој од надлежните не дошол да ги посети, но и дека не добиле никаква помош од државата. Како што самиот вели во своето обраќање преку социјалните мрежи, во пожарот ја загубил и внуката од сестра, додека тој бил хоспитализиран во болницата во Белград.

Принтскрин

И како што самиот вели, во Белград во болницата веднаш ги посетил претседателот Александар Вучиќ.

Од друга страна нашиот премиер се уште нема храброст да се соочи со нив, ниту пак добиле збор поддршка, вели тој.

Следуваа бројни коментари под неговата објава на Фејсбук која во целост може да ја прочитате во продолжение, но и еден коментар кој посебно ни го привлече вниманието, па ви го пренесуваме и него.

Принтскрин

Имено, едно лице праша дали им стигнале парите од донациите испратени до Супорт Кочани, по што следуваше брз одговор:

„Да, стигнуваат и скоро секоја донација која е за лекување во болницата е од Супорт Кочани“, пишува Дарко на Фејсбук.

Принтскрин

Па, еве, ќе ја искористиме оваа прилика уште еднаш да им кажеме БРАВО на сите оние што се вклучени во оваа иницијатива, но и да ги потсетиме сите останати, кои се во можност, да донираат кај нив.

Принтскрин

Тоа може да го направите и со купување на влезници за големиот настан што ќе се случи во Штип, но и директно преку самата платформа Супорт Кочани каде воедно може да се види и кои лица се уште се на лекување.

Повеќе информации побарајте на нивната страница тука..

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button